1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Саудиските жени се борат за повеќе права

Однадвор со црни бурки, одвнатре бунтовнички - такви се се‘ повеќе жени во Саудиска Арабија. Тие бараат целосни граѓански права и го подигаат својот глас против надредената улога на мажите и забраната за возење.

default

Жените во Саудиска Арабија бараат повеќе права

Жените кои во Саудиска Арабија се борат за нивните права, за тоа плаќаат со осаменост. Тие се или разведени или воопшто не се мажат. Тоа го вели Суад аш-Шамари, позната поборничка за правата на жените, која во Џеда основаше официјална организација за правата на жените: „Долго време работев како новинарка, за да можам да зборувам за положбата на жените. Тогаш морав да се одлучам дали и натаму ќе се кријам зад факсот и интернетот, или ќе го остварам мојот сон и ќе излезам во јавноста. Се разведов двапати, го изгубив старателството над моите деца, моето мајчинство, приходите и сопствениот дом. Велат дека ова е религиозно-конзервативно општество, но како може едно такво општество да остави жена со деца на улица?“

Разводот е продолжение на независноста

Symbolbild Macho Frauen Arabische Welt

Мажот во Саудиска Арабија има надредена улога

Разводот во Саудиска Арабија е само продолжение на независноста, ако не од бившиот сопруг, тогаш од таткото, братот, чичкото или дури од сопствениот син. За скоро секоја официјална средба жените мора да одат со надзорник, како на пример во банка, кога потпишуваат работен договор или дури кога одат во болница. „Нашето најзначајно барање се човекови права. Малиот број права кои ги имаат жените во Саудиска Арабија ги добиваат преку мажите. Но, каде е овој чесен сопруг, татко или брат? Јас имам 40 години и не смеам да патувам без одобрение. Кој е мојот старател, мојот 14-годишен син, мојот 17-годишен брат на кој мора да му дадам пари за да ми дозволи да патувам? Жените не можат да студираат без одобрение, а притоа образованието е задолжително за секој муслиман“, вели Суад аш-Шамари

Исклучок се деловите каде живеат странци

Само мали делови се исклучени од овие ограничувања. Тоа се деловите каде живеат странци. Најголем од нив е нафтената компанија Сауди-Арамко, длабоко на истокот од земјата. Таа е

Ölraffinerie in Saudi Arabien

Рафинерија во Саудиска Арабија

извор на живот за земјата и има сопствени закони. Тука имам закажано разговор со Вајеха Хувејдар, една од најпознатите поборнички за правата на жените во земјата. Чуварот на влезот и‘ се јавува за да се осигура дека ме очекуваат. Од другата страна на портата изгледа како во некој мал град во Тексас. Дрвени куќички, спортски игралишта, џогери во кратки пантолони, една жена со количка за деца и мал супермаркет. Вајеха се приближува облечена во маица со прерамки и спортски пантолони. Таа, исто како Суад аш-Шамари, основала организација за заштита на правата на жените: „Оваа есен едно 11-годишно девојче се омажи за 70-годишен човек. Кога ќе се стави крај на ова? Дали старосната граница за стапување во брак ќе ја потресе нашата нација? Дали има поголемо злосторство од тоа децата да бидат злоупотребувани со закон? Зашто тоа е тоа - злоупотребување.“

Треба да се преиспита целиот систем

Во царството промените се одвиваат сосема споро. Министерот за воспитување има заменичка, првата жена во едно саудиско министерство воопшто. Таа е задолжена за образованието на

Türkei, Menschenrechte, Frauenrechte, Ehrenmord

Поборничките за правата на жените се борат понатаму

девојчињата. Пред неколку дена повторно се постави прашањето за возење автомобил. Токму синот на бившиот голем муфтија повторно го отвори ова проблематично прашање - дали жените смеат да возат автомобил. Шеикот Ахмад Бин Баз за телевизиската станица ал-Арабија изјави дека тој нема ништо против тоа жените да возат: Кој се плаши дека жените кои возат сами би можеле сексуално да бидат нападнати, не би требало да им забрани на жените да возат, туку би било подобро да го провери саудискиот воспитен систем. Оној кој се залага за религиозни вредности, мора да ги почитува жените, велат и феминистките: „Јас напишав прилог со наслов ’Саудиска Арабија е најголемиот женски затвор во светот’. Ние сме затворенички дома, а кога сакаме да излеземе од домот не‘ контролира религиозната полиција. Јас не можам да ја поминам државната граница без одобрение. Токму тоа е дефиниција за затвор. Нашиот пат е долг, но нема да се откажам.“

Центарот за женски студии во Ријад минатата година направи истражување за саудиските весници и интернет страници и дојде до зачудувачки резултати. Имено, 40 проценти од прилозите во весниците се на теми во врска со жените, што е случај со повеќе од половината интернет страници. Саудиските жени немаат права, но сепак за тоа се зборува и тоа во нивната земја.

Автор: Естер Сауб/ Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Александра Трајковска