1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Саудиска Арабија и Иран против насилството меѓу Шиитите и Сунитите

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад е во официјална посета на Саудиска Арабија. Посета, која има голем стратегиски интерес како за гостинот така и за домаќинот. Иран бара излез од изолацијата, саудиската кралска куќа пак има интерес од поголемо влијание на Блискиот исток.

Ријад

Ријад

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад се наоѓа на турнеја за помирување. Пред неколку денови беше во Судан, каде претседателот Омар ал Башир му вети целосна поддршка. Заеднички заземаа и став против САД и Израел. Вчера пак пристигна во Саудиска Арабија.

Саудискиот крал лично го пречека гостинот од Иран со воени почести, по што ја одржаа билатерланата средба. Во центарот на разгворите е подготовката на конференцијата за Ирак, која треба да се одржи наредната сабота во Багдад. Во прва линија станува збор за позиициите на двете земји во де факто граѓанската војна меѓу Шиитите и Сунитите во земјата. Но важни теми се и Либан, палестинскиот конфликт и спорната иранска атомска програма.

Од саудиски кургови се вели дека Иран бара поддршка поради растечкиот меѓународен притисок врз земјата. Саудиска Арабија одбива можен воен напад против Иран. Саудискиот крал додуша ја смета провокативната полтитика на Ахмадинеџад кон западот за пограшена, но за мировно користење на атомскатат енергија е заинтересирана и неговата земја.

Според мисењето на набљудувачите, првата посета на Ахмадинеџад ќе заврши успешно, инаку Ријад воопшто и не би го поканил иранскиот претседател.

Саудискиот печат, контролиран од државата за посетата на Ахмадинеџад оцени дека иранскиот претседател ја корегира регионалната политика и има намера да соработува со арапските влади, а не против нив пишува весникот „Сауди Газета“. Во Лондон издавачот на весникот „Ал Хајат“ финансиран од Саудиска Арабија пишува пак дека Ахмадинеџад со оваа посета може да го смири арапскиот свет, исламскиот и целиот глобус и на тој начин да го заштити Иран од изолација и од опасноста од американски напад.

Шиитите кои во Иран и Ирак се мнозинство, во целиот муслимански свет се застапени со 15 процени. Но растечкотот влијание на Иран врз Хезболах во Либан и Шиитите во Ирак, го загрижува арапскиот свет. Сепак на курсот на САД не му се приклучи ниту една сунитска држава, дури ниту најголемите сојузинии на Америка Египет и Саудиска Арабија.

Дотолку повеќе средбата на кралот Абдула со иранскиот претседател е одлучувачки чекор на преговарачкиот пат меѓу двете држави. На приближување на ставовите додуша не може да се смета, но средбата е основа за натамошни контакти и е јасен сигнал за САД. Саудијците се залагаат за преговори, не за конфронтација.