1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Сатисфакција за квалитетот и упорноста

Берлинскиот автор Рајнхард Јиргл е добитник на најзначајното германско литературно признание - наградата Георг Бихнер, за 2010 година. Во поранешната ГДР, Јиргл со години пишуваше дела кои стоеја во фиока.

default

Рајнхард Јиргл

Стравотиите на Првата и Втората светска војна, инфлацијата, бегството и прогоните, траумите на поделбата и повторното обединување на двете германски држави - во своите романи „Тишината“ и „ Недовршените“, Рајнхард Јирген не изостава ниедна тема од 20-тиот век. Пресвртите во животот и граничните ситуации го фасцинираат 59-годишниот писател, кој во своите дела внесува и автобиографски елементи.

Неизмерна упорност

Јиргл има напишано шест романи, кои не смеел да ги објави. Издавачката куќа во Источен Берлин, во која тој во 1985 година го предал своето прво дело, „Мајка, татко, роман“, му префрлила за немарксистички аспект.

„Кога вакво нешто ќе ви прикачат како етикета, тогаш за вас веќе се’ умира“, вели Јиргл. Еден писател во ваков случај мора да покаже упорност и да докаже од што е извајан, вели Јиргл.

Buchcover: Jirgl - Unvollendeten

Романите на Јиргл долго беа несакани

Значи, тој не попуштил. Напротив. Своите романи ги пишувал тајно, дури и својата професија на инженер ја ставил во мирување. За да преживее работел како електротехничар. Во годината на германското обединување, на Јиргл конечно му успеало да го објави својот првенец, „Мајка татко роман“, иако со него не направил литературен пробив.

Авторот од Берлин за пошироката читателска публика стана познат дури во 1993 година. За романот „Разделба со непријателите“ ја доби наградата Алфред Деблин. Од 1996 година живее и работи како слободен уметник.

Наградата Георг Бихнер, која е дотирана со 40 илјади евра за Рајнхард Јиргл ќе значи натамошен поттик во кариерата.

Автор: Сабине Дамашке / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска