1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сателитот на НАСА паднал неконтролирано на Земјата

Остатоци на шест тони тешкиот истражувачки сателит на НАСА паднале рано утрово на Земјата, но се уште со сигурност не се знаат точните локации. Во атмосферата на Земјата сателитот влегол над Пацификот.

default

Вселенскиот брод „Дискавери“ од кој пред 20 години бил лансиран сателитот УАРС кој денеска падна на Земјата

Дали остатоците од сателитот навистина се урнале во океанот, не се знае со сигруност. НАСА пресмета дека сателитот ќе се распадне на околу сто дела, од кои повеќето ќе изгорат на патот кон Земјата. 26 големи делови, со вкупна тежина од 544 килограми би можеле да стигнат до Земјата, оценува НАСА. Сепак, опасноста од парчињата од сателитот беше проценета како мала. Од почетокот на вселенските летови, досега ниту еден човек не бил повреден од делови кои паднале на Земјата.

Руските вселенски експерти предвидоа дека остатоци од сателитот ќе паднат во Индискиот Океан, северно од ненаселениот островски архипелаг Кроза.

Сателитот е лансиран во 1991 година од шатлот „Дискавери“ и функционираше на висина од 600 километри.

Автор: ЖА/ЕМФ/миа/дв

Редактор: Е. М. Фиданоска

-