1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Саркози ќе треба да се појави пред суд

Судии, кои истражуваат можно мито во случајот со продажбата на француски подморници на Пакистан, сакаат поранешниот претседател Никола Саркози да сведочи пред специјален суд.

Адвокатот Оливер Морис, кој застапува лица во овој случај, за агенцијата АФП информираше дека истражните судии во „Аферата Карачи“ сакаат да го повикаат Никола Саркози да се појави пред Републичкиот суд на правдата, во кој се процесуираат случаи за злоупотреби од страна на министрите. Саркози во време на сличување на аферата – 1994-та година, бил министер за финансии. Судиите сметаат дека тој е „помошен сведок“ во аферата. Таквиот статус укажува на тоа дека Саркози би можел да се соочи со обвинение.

Француските истражни органи осомничија коруптивна мрежа, која стоела зад продажбата на подморници на Пакистан и фредати на Саудиска Арабија во 1994-та година, по што со нелегални пари била финансирана претседателската кампања на поранешниот премиер Едуард Баладур.

Истрагата е фокусирана на Баладур и тогашниот министер за одбрана Франсоа Леотар, но под опасност за обвинение е и Саркози, кој ги загуби изборите од Франсоа Оланд во 2012-та година, но најави враќање во политиката.

Судиите истражуваат, но потешко можат да докажат, дали зад бомбашкиот напад во Карачи во 2002-ра година, во кои беа убиени 11 француски инженери, можеби стои одмазда за откажаното мито тајно ветено на пакистанските власти.

Адвокатот Морис, кој застапува членови на семејствата на жртвите, оцени дека сега постои сигнал за придвижување на случајот на повисоко ниво. Тој смета дека тоа што има барање Саркози да сведочи значи дека тој „во никој случај не може да се ослободи“ од овој случај.

Во бомбашкиот напад во Карачи на 08.05.2002 година загинаа вкупно 15 луѓе.