1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Саркози ќе патува за Триполи

*

По осум години минати во затворот во Либија петте бугарски медицински сестри кои беа обвинети во Либија за намерно заразување на повеќе стотици деца со вирусот на СИДА се вратија во татковината. Тие веднаш беа помилувани од бугарскиот претседател Георги Прванов. Медицинските сестри беа придружувани од сопругата на францускиот претседател Сесилија Саркози и еврокомесарката за надворешни работи Бенита Фереро Валднер кои посредуваа за нивно ослободување. Францускиот претседател Николас Саркози соопшти дека ќе отпатува за Триопли за лично да му се заблагодари на либискиот претседател Моамер Гадафи. Инаку минатата недела смртната пресуда против медицинските сестри беше преиначена во доживотна затворска казна.