1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Саркози со писмо се обидува да ја смири лутината на Турција

Францускиот претседател Никола Саркози му пишана турскиот колега Реџеп Таип Ердоган дека законот за криминализирање на негирањето на геноцидите не се однесува само на една земја. Саркози се обидува да ја смири Турција.

default

Саркози го убедува турскиот колега Ердоган дека спорниот закон не е против Турција

„Се надевам дека ќе успееме разумот да надвладее и да го одржиме дијалогот, како што им доликува на сојузничките и пријателски земји“, забележува Саркози во писмото до Ердоган. Во писмото, објавено од француската амбасада во Анкара, Саркози забележува и оти се надева дека Турција „ќе го препознае заедничкиот интерес, кој ги врзува двете земји и двата народи“.

Türkei Außenminister Ahmet Davutoglu Tiflis Georgien

Давутоглу бара од француските сенатори да не го иѕгласаат законот во финална инстанца

Во текот на денот Турција побара од француските сенатори да го отфрлат законот со кој се криминализира негирањето на ерменскиот геноцид, кој пред нив на последно одобрување ќе дојде во понеделник.

Министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави дека Труција очекува од претседателот Саркози, неговата партија и францускиот сенат да ги почитуваат пред се’ европските вредности. „Оние кои ја искористуваат историјата самите ќе страдаат од тоа искористување“, рече Давутоглу, додавајќи дека ако законот помине, тој ќе биде црна дамка за француската историја.

Автор: Александар Методијев /афп/ројтерс

Редактор: Симе Недевски