1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Саркози во прва официјална посета на Кина

Посетата на Саркози на Пекинг би можела да предизвика посебно внимание во Берлин, бидејќи германско кинеските односи се заладени поради средбата на канцеларката Ангела Меркел со Далај Лама.

default

Никола Саркози

Според пишувањето на весникот „Дер Шпигел„ германските дипломати се загрижени дека Франција би можела да се обиде да профитира од моментално лошите односи меѓу Берлин и Пекинг. Коресподентото на француската агенција АФП во Пекинг Франсоа Бујон смета дека таквите сомнежи се оправдани: „ Не треба да заборавиме дека француските фирми во Кина се зад германските. Така на пример францускиот конкурент на Сименс во последниве години знатно ослабе. Затоа мислам дека е важен знак тоа што во Пекинг не патува Рама Јаде„ вели Бујон

Рама Јаде е државен секретар за човекови права. Француските весници деновиве пишуваше дека Саркози за време на посетата на Кина ќе го придружува министерката за правда и дека Јаде морала да остане во Париз. Во дипломатските кругови заради тоа се верува дека Саркози свесно би можел да ја стави во втор план темата за почитување на човековите права, за од друга страна да добие поени кога станува збор за економијата.

Оттука посетата на Саркози на Кина се следи со големо внимание вели Еберхард Саншнајдер експерт за Кина од германското друштво за надворешна политика:

„Кинеската влада веќе сега наведува дека Франција е најважен патнер на Кина на западот. Тоа значи дека Франција и покрај заедничката стратегија кон Кина би можела да ги собере плодовите кои Германија ги прокоцка„ Саркози уште за време на предизборната кампања најавуваше дека ќе има тврд став кон Кина, пред се по прашањето за заштита на човековите права. Но се чини дека наместо човековите права Саркози во Пекинг ќе зборува за други теми, како кинеската валута Ренминби која од гледиште на повеќе западни земји е потценета. Може да стане збор и за нуклераната програма на Иран. Се очекува и продажба на два француски амтимски реактора во вредност од 6 милијарди евра. Исто така и под соодветни услови договор за европскиот авио производител Ербас. За време на посетата на поранешниот француски претседател Жак Ширак на Кина во октомври минатата година, беше направен договор за купување на 150 авиони од типот Ербас.