1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Саркози во Полска се залага за реформа на европскиот устав

*

Францускиот претседател Никола Саркози ќе се обиде да влијае на надминување на спорот околу европскиот устав. На разговорите во Варшава Саркози ќе се сретне со шефот на државата Лех Качински и неговиот брат премиерот Јарослав Качински. Двајцата полски политчари неодамна го потврдија својот став за блокадата на европскиот устав со образложение дека Германија наводно имала преголемо влијание во ЕУ. - Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во владина изјава ќе ги изнесе нејзините планови во однос на европскиот устав пред престојниот самит на ЕУ.