1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Саркози во Либија

*

Францускиот претседател Николас Саркози се очекува да пристигне во Триполи на средба со либискиот пртетседател Моамер Гадафи. Посетата на Саркози е само ден по ослободувањето на петте бугарски медицински сестри, кои со посредство на неговата сопруга Сесилиа се вратија во Бугарија. Инаку вчера во Брисел беше објавена спогодба која предвидува ЕУ во иднина што е можно повеќе да го отвори својот пазар за либиските производи . Либијците во иднина би требало и полесно да добиваат виза за влегување во земјите од ЕУ.