1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Саркози бара Германија да добие постојано место во СБ на ОН

*

Францускиот претседател Никола Саркози се заложи Германија да добие постојано место во СБ на ОН. Согласно со предизвиците на 21 век, Гремиумот мора да се прошири за да се обезбеди праведна застапеност на интереси, изјави Саркози во говорот посветен на француската надворешна политика. Покрај Германија, според Саркози, во највисокото тело на ОН, треба да влезат и Јапонија, Индија и Бразил. Саркози предлага и проширување на групата најразвиени земји во светот да порасне од Г8 на Г13. Кандидати за тоа се Кина, Индија, Бразил, Мексико и Јужна Африка, рече Саркози.