1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сан Франциско

100 години по земјотресот во кој загинаа повеќе од 3 илјади луѓе, Сан Франциско е подобро подготвен за нови удари од кој и да е друг град во САД. Сепак, во сериозна ситуација колапс им се заканува на мостовите, поврзниците на главните улици, метроата, струјата, гасот и водоводот. Од граѓаните се бара три дена сами да се грижат за себе.

Сан Франциско по потресот пред 100 години

Сан Франциско по потресот пред 100 години

Во една анкета во Сан Франциско 60 насто од прашаните одговорија дека се подготвени за земјотрес. Анализата на анкетата покажа дека најмногу 20 насто од граѓаните вистински ги презеле неопходните мерки. Меѓу нив и Крис Гајгер:

„Имаме подготвени 80 литри вода, многу конзерви, готвач за печурки, кутија за прва помош, имаме надворешен контакт во случај сите линии да се уништени„.

Флора Вијара и нејзината ќерка Бетси беа зависни од помош:

„По последниот голем потрес во 1989 година добро се подготвивме. Мора да се имаат 10 литри вода за секое дете, кебиња, џепни лампи, батерии, конзерви и играчки за децата„.

Следниот потрес сигурно ќе се случи. Не е прашање дали, туку кога. Под калифорниската долина постојано се движат земјините платоа. Геолозите постојано ги мерат ратсечките напнатости. Меѓутоа, и покрај сета техника не можат да предвидат кога ќе се претворат во земјотрес. Мери Лу Собек, сеизмолог во американскиот институт за геологија:

„Се концентрираме врз тоа да ги предвидиме последиците на еден потрес за да ги откриеме местата што се најмногу загрозени и кај кои е итно потребно засилување на градбите„.

Во регионот на Сан Франциско живеат 6,7 милиони луѓе врз седум активни платоа. Градот е најдобро подготвен и било кој друг во САД. Геолозите бараат повеќе инвестиции и построги правила за градба. Луси Џонс од американскиот геолошки институт:

„Не станува збор за напредокот на науката, туку за волја. Голем дел од моето знаење што би можело да помогне да се намалат загубите во земјотрес, најчесто не се спроведува„.