1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Саншајн или Јогурт - прашање е сега!

Дали би си го крстиле детето Атомски мир? Што мислите за опциите Пепси – Карола или Трактора? Кога станува збор за имиња за новороденчињата, креативноста на германските родители нема граници.

default

Ханс, Петра, Зигфрид, Кунигунде – класични клишеа за германски имиња. Но кои имиња имаат најдобар имиџ меѓу Германците денес? Името Александар е мошне популарно, многумина го поврзуваат со младешка сила, убавина и интелигенција. Уште неколку имиња, поврзани со Римската империја, влегуваат во таа категорија: Максимилијан и Јулија на пример. Добро стојат и имињата што почнуваат на „Л“ како: Леа, Лука и Лукас, кои се меѓу првите 10 имиња со најдобар имиџ. На другиот крај на скалата се таквите имиња, како на пример Еберхард.

Какво име имаш, таков си!

Buch mit hebräischen Buchstaben

Дали името кажува нешто повеќе за нас?

Габриеле Родригез од Универзитетот во Лајпциг објаснува дека кога во Германија ќе кажеш Еберхарт, сите автоматски мислат на некаков дедо. Не случајно тоа име го зазема „почесното“ 5556-то место во листата на имиња кои се претпочитаат во Германија. На дното на таа листа се и другите традиционални германски имиња: Дирк, Олаф, Керстин, Хајке, Зилке и гореспоменатото име – Петра.

Психолозите од Универзитетот во Кемниц одат дури понатаму. Според нив, луѓето го проценуваат човекот според името, уште пред да го видат. Донекаде таа оценка е точна, кога станува збор за возраста, бидејќи различните имиња имаат историски апогеи, а други потонуваат во заборав. Така денес со сигурност може да се каже дека Леа, Лука или Софи се помлади луѓе, а Еберхард е возрасен. Но имињата го покажуваат и социјалниот статус на семејството во кое се родило детето, објаснува професорот Волфганг Хаубрихс од Саарбрикен.

Креативноста нема граници

Eltern

Креативноста на родителите не познава граници

„Кевин“ звучи како дете родено во работничко семејство. „Менди“ или „Шантал“ пак се популарни во Источна Германија и сигнализираат поскромни приходи на семејството. „Александар“ и „Максимилијан“ звучат гордо и возвишено, но всушност остануваат популарни и тоа независно од социјалниот статус.

Денес германските родители мора да избираат меѓу 13 илјади имиња за своите новороденчиња. Понекогаш се прават и лепенки, конфузии и вистински гафови. Државните служби категорично отфрлаат имиња како Јогурт, Трактора (за девојче) или Атомфрид, што значи „атомски мир“ (за момче), но сепак имаат одобрено такви плодови на фантазијата на родителите, како Баварија, Саншајн и Пепси – Карола.

Автор: АА / ЖА / дв

Редактор: Жана Ацеска