1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Санторум пред Ромни во Луизијана

Конзервативниот поранешен сенатор Рик Санторум, според очекувањата, победи на предизборите за претседателски кандидат на републиканците во сојузната држава Луизијана. Неговиот главен ривал Ромни меѓутоа убедливо води.

Никој од коментаторите не зборува за нова динамика или дури пресврт во предизборниот маратон на републиканците. Само канидидатот Рик Санторуум, по неговата победа во Луизијана, оцени дека победата е „историски импулс“ во неговата кампања. По пребројувањето на три четвртини од гласовите, Санторум има освоено 49 проценти гласови, додека Мит Ромни 26 проценти. Тоа е единаесетта победа на Санторум наспроти дваесет и една за Мит Ромни. Трет во Луизијана беше поранешниот претседател на парламентот Њут Гингрич, а по него следува Рон Пол.

Ескепертите меѓутоа уште пред изборите и‘ придаваа ограничено значење на победата на Санторум во религиозно - конзервативната сојузна држава на југот. Освен сега во Луизијана, тој претходно триумфираше и во јужните сојузни држави Мисисипи и Алабама.

Ромни, поранешен гувернер од Масачусетс, во меѓуврeме има повеќе од двојно гласови на делегатите за номинацијата на партискиот конгрес на крајот на август, во споредба со неговиот најсериозен противник. На Санторум, поранешнен сенатор од Пенсилванија, му се заканува нов пораз на наредниот круг предизбори, во Мериленд и големите градови.

Победата во Луизијана меѓутоа е нова поддршка за Санторум да остане во трка. Експертите очекуваат дека одлуката кај републиканците - кој ќе биде предизвикувач на претседателот Обама на претседателските избори во ноeмври, ќе падне најрано во јуни.