1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Санторум најавува пресврт против Ромни

Рик Санторум успеа да победи на републиканските предизбори во Алабама и Мисисипи, со што доби големо зајакнување на неговата кампања.

default

Рик Санторум

Мит Ромни, пак, однесе победа на предизборите во Американска Самоа и на Хаваи. Со таа победа Ромни доби девет нови делегати за партиската конвенција, на која на крајот од август ќе се избира републиканскиот претседателски кандидат. Со тоа Ромни е во водство пред останатите кандидати од неговата партија.

А, победите на Санторум во Алабама и Мисисипи само ги зајакнаа неговите тврдења дека меѓу конзервативците тој е главната алтернатива на водечкиот кандидат Мит Ромни за претседателска номинација. Победите на Рик Санторум во двете држави претставува удар в лице за Ромни, кој не успева до крај да ги убеди Американците дека тој е најсилниот кандидат против демократот Обама. Санторум по гласањето изјави дека ќе продолжи да се бори и оти неговата кампања е составена од „обични луѓе, кои прават необични работи“. „Време е конзервативците да се обединат“, рече Санторум.

И во Алабама и во Мисисипи Мит Ромни заврши на третото место зад Њут Гингрич. Вчера се гласаше и во Хаваи, но островот е оддалечен неколку часа од американското копно, па резултатите од таму стасаа подоцна и покажаа дека победата ја однел Мит Ромни. Победата на Хаваи има симболична и психолошка вредност за кандидатот.

Автор: Александар Методијев /БГ/афп/ап

Редактор: Симе Недевски