1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Санкањето е „ин“

Санкањето станува зимски спорт број 1. во баварскиот центар Обераудорф. Посетителите можат да уживаат во 30 километарските патеки, а притоа и да минат прилично евтино, во споредба со цените за скијање

default

Какво задоволство. Спуштање по планината со 30 километри на час. Во баварскиот зимски центар Обераудорф санкањето е екстремно популарно. А, се градат се повеќе патеки.

„Санкањето е еден екстремен, но и многу убав, брз спорт“, вели еденпосетител.

Три километри долгата патека беше изградена за дрвени санки. Оградите обезбедуваат сигурност, а вештачкиот снег - забава, и тоа преку целата сезона. Притоа, санкањето е толку евтино што секој може да си го дозволи кога ќе посака.

За сопствениците на ски-лифтот, санкањето во меѓувреме стана голем бизнис.

„Сметаме дека во Обераудорф имаме годишен раст за околу 10 проценти на зимската патека и тоа за нас се огромни бројки. За нас, во меѓувреме, санкањето почна да игра иста улога како скијањето“, вели Ханес Рехенауер, шеф на жичницата.

Грозницата по санкањето во меѓувреме расте во Обераудорф и тоа им погодува на сите локални бизниси.

BdT Deutschland Winter Wetter Schnee Mädchen auf Schlitten

„Го редекорирам дуќанот. Ќе поставам и штанд за санки, за луѓето да знаат дека и кај нас можат да ги купат“, ни објаснува сопственикот на дуќан Михаел Граф. И неговиот сосед Јозеф Брау е задоволен. „Секако дека сите тука профитираме кога патеката за санкање добро функционира“.

Во Обераудорф сега може да се санка и ноќе. 40 рефлектори ја осветлуваат патеката. Сега и многу локалци доаѓаат на санкање.

„Ноќе е многу убаво за санкање, затоа што нема многу луѓе“, вели еден од мештаните.

Сеедно дали преку ден или ноќе, едно им е на сите заедничко: уживањето.