1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Санино: Дијалогот Белград- Приштина во добра насока

Генералниот директор на Директоратот за приширување на Европската Комисија, Стефано Санино, осврнувајќи се на последната рунда преговори меѓу Белград и Косово, оцени дека таа била „многу добра“.

Стафано Санино на денешната (23.02) прес-конференција по повод првиот семинар на регионалната академија за демократија (РАД) во Белград оцени дека „работите се одвиваат во позитивна насока“ кога станува збор за одредувањето на датумот за почеток на преговорите за прием на Србија во Европската унија. Во тој контекст, директорот на Директоратот за приширување на Европската комисија, оцени и оти последната рунда дијалог меѓу претставници на Србија и на Косово во Брисел на почетокот на неделава била „многу добра“.

Санино порача дека сега се чека новата рунда преговори на претставниците на Белград и Приштина на почетокот на март и изрази надеж дека таа ќе биде јасен знак дека „страницата е завртена“.

Говорејќи за натамошното проширување на ЕУ, тој истакна дека „сето внимание сега е свртено кон Србија и кон можноста подоцна годинава ЕУ да отвори преговори со Србија“.

Санино изјави дека во јуни ќе биде донесена официјалната одлука и оти услов за неа ќе биде извештајот на Европската комисија за напредокот на Србија, кој треба да биде објавен во април.

„Важно е да се има предвид дека во април, во наредните неколку недели, постои јасна потреба да се види оти нешто конкретно се случува“, рече Санино, додавајќи дека април е позначаен месец од јуни, кога само би бил потврден постигнатиот договор.

„Постои ризик дека договор постигнат во последен момент би можел да остави простор за сомнежи кај членките на ЕУ“, нагласи Санино.