1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Санадер се изјасни за невин на почетокот на процесот

Поранешниот хрватски премиер и партијата ХДЗ, како правно лице, се изјаснија за невини на почетокот на историското судење за корупција во Загреб.

default

Санадер и неговата некогашна партија се обвинети за нелегално извлекување на околу 10 милиони евра од државни компании и институции преку приватната маркетинг компанија Фими медија.

„Обвинението е конструирано и не се сметам за виновен за ниту една од точките на обвинението“, изјави Санадер.

Неколкумина од обвинетите веќе ја признаа вината во замена за договор со обвинителството. Меѓу нив се поранешниот партиски секретар во ХДЗ Младен Баришиќ и благајничката Бранка Павошевиќ. Обвинението го отфрли и поранешниот партиски и владин портпарол Ратко Мачек.

Почетокот на судењето беше пренесуван во живо на неколку хрватски телевизии. Се работи за еден од најголемите судски процеси во историјата на Хрватска, а обвинителниот акт е напишан на 500 страници. Одбраната предложи 200 сведоци, а обвинителството околу 350. Се очекува во текот на судењето да биде испитана и поранешната премиерка Јадранка Косор, но и бројни други хрватски политичари, бизнисмени и припадници на естрадата.