1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Санадер одби да даде гаранции за Бошковски

Поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошковски нејверојатно ќе мора да го чека почетокот на судењето за воени злосторства во затворот во Шевенинген.Хрватскиот премиер одби да даде гаранции

Бошковски останува во затвор

Бошковски останува во затвор

Одбивањето на Хрватска да издаде гаранции за привремено ослободување на поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошковски,кој се наоѓа во притвор во Хашкиот трибунал,дополнително ја компликува неговата ситуација,вели адвокатката Едина Рашидовиќ:

„Се додека не се добие гаранција и од Хрватска,Судскиот совет според ставот и на првостепениот и на второстепениот суд нема повторно да разгледува био какво барање за негово привремено ослободување.Судот веќе констатираше дека не постои опасност за бекство на Бошковски од Хрватска,и второ,не постои опасност тој од таму да влијание врз жртвите и врз сведоците,вели адвокатот на Бошковски.

Поранешниот министер веќе две години се наоѓа во затворот во Шевенинген,каде го очекува почетокот на судењето по обвинението за воени злосторства во случајот Љуботен.Судскиот совет на Хашкиот трибунал веќе на двапати одбиваше да му даде дозвола на Бошковски привремено да излезе од затворот и да се брани од слобода со образложение дека би можел да влијае врз сведоците и жртвите во Македонија.

Во меѓувреме и македонската влада на двапати гарантираше,но гаранциите беа отфрлени.Оттука,одбраната последните шанси ги гледаше во официјалните гаранции кои би ги испратил официјален Загреб,имајќи во предвид дека Бошковски е и хрватски државјанин и токму оттаму беше и екстрадиран во Ден Хаг.Но,хрватскиот премиер Иво Санадер по вчерашната средба со македонскиот колега Никола Груевски,ја отфрли ваквата можност,отворено кажувајќи дека Хрватска нема да му даде гаранции за евентуално ослободување на Бошковски.Главното образложување на Санадер е дека Бошковски пред се е македонски државјанин.Тој е и хрватски државјани,но пред се е Македонец,гаранциите би требало да ги даде Македониа,а не Хрватска,рече Санадер.Гаранции од хрватскиот премиер за привремено ослободување на Бошковски бараше и претходната македонска влада,односно тогашниот премиер Бучковски,но и тогаш хрватската влада тоа го одби.

Поврзана содржина