Самуел Жбогар-амбасадор на ЕУ во Косово | Свет | DW | 21.12.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Самуел Жбогар-амбасадор на ЕУ во Косово

Поранешниот словенечки министер за надворешни работи Самуел Жбогар е избран за амбасадор на Европската унија во Косово, јавија словенечките медиуми, повикувајќи се на неименувани извори од МНР во Љубљана.

default

Самуел Жбогар

Канцеларијата на Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон синоќа соопшти дека процедурата се’ уште не е формално завршена, но оти е во завршна фаза.

Словенија,со именувањето на Жбогар, би добила прв висок претставник во Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), кој би ја презел должноста на крајот на јануари, кога истекува мандатот на сегашниот преоден амбасадор на Косово.

Жбогар потврди дека кон крајот на ноември се кандидирал за амбасадор на ЕУ во Косово.

Автор: СН/ АТ/ миа

Редактор: Ж. Ацеска