1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Самсунг го „толчи“ Епл

Самсунг бележи голем пораст и го става се‘ повеќе во сенка американскиот ривал Епл. Јужнокорејците на почетокот на годинава забележале рекордна добивка.

Токму на стартот на продажбата на новиот модел на Самсунг - Galaxy S4, концернот за електроника од Јужна Кореја денеска (26.04) јавува за рекордна добивка. Со тоа ривалот Епл е ставен уште еднаш во втор план. Во првиот квартал на 2013-та Самсунг заработил 4,9 милијарди евра, соопшти денеска концернот. Тоа се речиси 42% повеќе од истиот квартал лани и повеќе дури и од изминатото тримесечие, кое важеше за особено силно поради засилената продажба на електронски апарати пред Божик. Епл пак, од своја страна, првпат по десет години во вторникот (23.04) пријави намалување на добивката.

Самсунг е најголем смартфон-понудувач во светот и го собори Епл од првата позиција уште во 2011 година. Јужнокорејскиот концерн има удел на светскиот пазар од 30 проценти, а Епл „само“ 19 проценти.

Новиот модел на Самсунг смартфон, Galaxy S4, денеска почна да се продава во Јужна Кореја, а во текот на претстојниот викенд апаратот, кој инаку чини 615 евра, ќе се најде во продавниците во остатокот од светот.