1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Самсунг го предизвикува Епл со новиот таблет

Американскиот концерн Епл со својот Ај пед во моментов држи близу 64 насто од глобалниот пазар на таблет-компјутери. Лутиот ривал Самсунг ја претстави новата надеж за достигнување на Епл- Галакси ноут 10.1.

Јужнокорејскиот концерн за електронски производи Самсунг Електроникс има намера со новиот таблет-компјутер да се спротистави на надмоќноста на американската компанија Епл и нејзиниот производ Ај Пед. Самсунг ја претстави унапредената верзија на неговиот модел Галакси Ноут. Компанијата се надева дека Галакси Ноут 10.1, кој веднаш влегува во продажба на пазарите во САД, Велика Британија и Јужна Кореја, ќе може да му се доближи на американскиот конкурент во продажните бројки. Претходната верзија на таблет-компјутерот на Самсунг од неговата промоција во октомври минатата година досега беше продадена во повеќе од 10 милиони примероци. Од другастрана Епл само во првата половина на 2012. година продаде речиси 29 милиони Ај педи на корисниците ширум светот. Со тоа американскиот концерн оствари удел на пазарот на таблет-компјутери  од повеќе од 64 проценти. Самсунг пак има удел од десет проценти.

Samsung Galaxy Note 10.1 Tablet PC

Галакси ноут 10.1.

Двете компании се во огорчен спор за патентите во технологијата на изработка на смартфони и таблет- компјутери и ширум светот се опсипуваат со тужби и против- тужби. Во последниот таков процес покренат пред надлежниот суд во Њујорк, Епл од Самсунг  побара отштета во износ од 2,5 до 2,7 милијарди долари,

Според проценките и пресметките на Епл, оваа компанија поради Самсунг не реализирала продажба на околу два милиони мобилни апарати Ај фон и Ај пед. Инаку, компаниите во овој судски процес по прв пат открија детални бројки кои се однесуваат на продажбата на нивните смартфони и таблети.

Епл продал околу 86 милиони апарати Ај фон на американскиот пазар од 2007. година, кога беше лансиран првиот модел. Компанијата во САД продала и 34 милиони Ај педови, од 2010. година кога прв пат беше лансиран таблетот. Документите покажаа дека Самсунг продал 21 милион смартфони и 1,4 милиони таблет компјутери.