1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Самрак за Златна зора

Во Грција е уапсен шефот на десноекстремистичката партија Златна зора, против која во повеќе наврати беа организирани протести. Против Никос Михалолиакос се подигнати тешки обвинувања.

Грчката полиција потврди дека го уапсила лидерот на грчката крајно десничарска партија Златна зора, Николаос Михалолиакос (на фотографијата горе). Михалолиакос бил приведен под обвинение за формирање криминална организација. Наредби за апсење се издадени и по уште најмалку тројца пратеници на Златна зора.

Партијата е обвинета за вплетканост во бројни напади врз мигрантите и левичарите, како и за убиството на левичарскиот активист и рапер Павлос Фисос. 34-годишниот музичар на 18. септември беше убиен од член на Златна зора, што ги разбуди духовите во Грција и предизвика опсежна истрага против десноекстремистичката партија.

Pavlos Fyssas griechischer Sänger Archiv 2011

Убиениот рапер Павлос Фисас

Критичарите ги обвинуваат полицијата и правосудството дека предолго ги толерирале подбуцнувањата на омраза и насилните акти на членови на партијата.

Апсењето на Михалолиакос се случи непосредно откако тој се закани со повлекување на своите пратеници од грчкиот парламент, што би водело кон нови избори во 15 региони. На партијата во ваков случај ѝ се заканува загуба на дел или на сите нејзини мандати. Но, новите избори би можеле да предизвикуваат нова ситуација во односот на политичките сили во парламентот, во кој владината коалиција има многу тесно мнозинство.