1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Само четири минути за да се додели наградата

За првпат еден германски филм освои главна награда на меѓународниот филмски фестивал во Шангај. „Четири минути“ на режисерот Крис Краус, комплетно изненадувачки се проби меѓу конкуренцијата од 16 интернационални филма.

Ни беа потребни само четири минути да се одлучиме за овој филм-изјави претседателот на фестивалското жири Лук Бесон. На доделувањето на наградите беше и Астрид Фрајајсен „Четири минути, е приказна за една калуѓерка, улога која ја игра Моника Блајбтрој, која во затвор дава часови за клавир, и притоа открива извонреден талент во една жена која издржува затворска казна поради убиство, улога во која настапува Хана Херцшппрунг.

На Шангајскиот филмски фестивал , Четири минути имаше светска премиера нормално со присуство на режисерот Крис Краус. „Не јас нормално бев многу возбуден. Бев многу напнат, кога се случуваше тоа. Сметам дека на луѓето многу им се допадна и поради тоа сум многу радосен“

Фестивалската киносала беше исполнета до последното место и покрај тоа што беше пладн . Околу 80 проценти од гледачите беа Кинези. „Филмот е многу добар. Хана Херцшпрунг во главната улога е извонредна, режијата е професионална.“

„Уште има многу луѓе во киносалата кои се сликаат и земаат автограми од актерката . Филмот е многу возбудлив. На фестивалот гледав десет филма и овој покрај уште еден кинески филм е единствениот што ме трогна.“

Крис Краус работеше осум години на овој проект. Веќе самата покана на Шангајскиот филмски фестивал, кој припаѓа меѓу осумте филмсики фестивали од А категорија во светот, ги донесе посакуваното внимание од меѓународната филмска јавност. Крис Краус е многу задоволен поради тоа: „Немав никакви очекувања, затоа што бев среќен што воопшто бев поканет и сметам дека тоа е многу добро“.