1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Само-пријавувањето како излез за даночните грешници

Фудбалскиот менаџер Ули Хенес поднесе самиот пријава поради даночно затајување за да избегне кривично гонење. Но, тој не е единствениот случај. Политиката спори околу правилниот однос кон даночните затајувачи.

За Ули Хенес признанието беше кочница во нужда. Претседателот на фудбалскиот клуб Бајерн Минхен обeлодени дека со години депонирал пари на неговата швајцарска сметка, кои во Германија не биле коректно оданочени. Висината на долгот по основ неплатени даноци како и имотот на Хенес во Швајцарија се’ уште не се познати во јавноста. Се шпекулира со милионски суми. Со тоа што Хенес самиот се пријави, постои можност за избегне парична или затворска казна.

За тоа меѓутоа мора да се исполнат одредени предуслови. Имено законодавецот ги ограничи условите кога еден затајувач на данок може да мине неказнето, појаснува берлинскиот експерт за даночно право Мартин Вулф. Само доколку службата за финансии се’уште не го открила случајот, самопријавувањето би можело да помогне. Признанието нема да има никакво влијание „прво, ако е започната проверката, второ ако е започната казнена постапка за затајување данок за тоа дело и трето доколку делото е откриено, а јас имам сознанија за тоа или би морало да имам сознанија за тоа“.

Martin Wulf Experte für Steuerstrafrecht Berlin

Мартин Вулф

Сумата на затаен данок притоа речиси не игра улога, вели Вулф во интервју за ДВ. „Исто така и некој кој во една година заработил три милиони и не ги оданочил би можел самиот да се пријави“.

Вообичаено кај сите западни индустриски нации

Излезот преку само-пријавување во рамките на германското законодавство е исклучок, бидејќи само даночните затајувачи во Германија се единствените сторители на кривично дело кои со признавање на делото би можеле да избегнат казна. Интернационално, постои можноста за самопријавување во сите западни индустриски нации, вели експертот Вулф. „Во Шпанија и Франција е слично. Во САД одредбите се разликуваат во поединечните сојузни држави“.

Schweiz Deutschland Steuersünder Steuern CD

Дополнителни приходи за државата по купувањето на ЦД-а со податоци за даночни затајувачи

Масовни само-пријавувања на затајувачи на данок во Гермнија се регистрирани откако властите ги купија првите ЦД-а со тајни податоци за банкарски клиенти од Лихтенштајн и Швајцарија. Следуваа спекатакуларни обелоденувања на даночни грешници, меѓу другите поранешниот шеф на Германска пошта Клус Цумвинкел. 29.000 покајници се пријавија само во 2010 година кај финансиските власти во државата. Тие ги платија даноците и на државата и донесоа дополнителни приходи од 1,5 милијарди евра.

Изминатата година германската влада се обиде да склучи договор за даноците со Швајцарија. Со него ретроактивно за последните десет години требаше да бидат оданочени пари на германски даночни обврзници складирани на швајцарските конта, кои не биле оданочени во Германија - и тоа анонимно и паушално. На тој начин даночните измамници немаше да мора да се пријават кај надлежните органи. Договорот пропадна поради отпорот што го пружи опозицијата во Бундесратот во Берлин.

Reiner Holznagel

Рајнер Холцнагел

„На овој договор за даноците со Швајцарија гледавме со доза на скепса“, рече претседателот на Сојузот на германските даночни обврзници, Рајнер Холцнагел. Здружението исто така не беше согласно со еден наводно ефект за амнестирање. „Но тоа најверојатно е единствената можност, дополнително нечесните даночни обврзници да го платат целиот износ“. Со ЦД-ата беа фатени само малкумина, вели Холцнагел во разговор со ДВ.

Натамошни негодувања околу даночниот договор

Фудбалскиот менаџер Хенес според сопствени наводи се надевал дека ќе биде усвоен договорот. Бидејќи до тоа не дојде тој се најде под притисок и ја призна даночната измама. Сега владата и опозиционите партии спорат дали на даночните затајувачи и натаму да им се овозможи самите да се пријават и на тој начин да ја ублажат казната. Иако и меѓу опозицијата позициите се различни. „Нема сериозен доказ за тоа, дека само-пријавувањето поради даночно затајување кое ослободува од казна продуцира ’покајнички грешници’“, изјави заменикот претседател на пратеничката група на СПД Јоахим Пос. Сличен став произнесоа и политичари од редовите на Партијата на Левите и на Зелените.

Во владејачкиот табор, заменик претседателот на пратеничката група на Унијата Михаел Мајстер ги отфрли барањата за укинување на само -пријавувањето или коректура. Без регулацијата многу деликти не би можеле воопшто да бидат разрешени или само со вложување голем напор. Заменик претседателот на пратеничката група на Либералите Фолкер Визинг оцени дека само-пријавувањето при даночно затајување е соодветно во сегашната форма.

Главната разлика меѓу двата табора е во тоа што владината коaлиција сака да им овозможи на даночните грешници да го подмират долгот и да останат анонимни. Опозицијата од СПД, Зелените и Партијата на Левите одбива анонимност и се залага да бидат обелоденети имињата на даночните затајувачи.