1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Само два месеца помалку затвор за Ходорковски

Десет години работен логор се доволно. Критичарот на Кремљ Михаил Ходорковски бара да го напушти работниот логор, но правосудните органи не го уважија тоа и му ја скратија затворската казна за само два месеца.

Со емоционален говор 50 годишниот Михаил Ходорковски (на насловната фотографија) побара од Врховниот суд на Русија да го ослободи, по речиси десет години минати во работен логор. Неговата осуда во вториот процес од крајот на 2010 година поради перење пари и проневера била конструирана, изјави поранешниот нафтен менаџер.

Ходорковски преку видео врска од казнениот логор беше вклучен во ревизоната расправа во Москва. Обвинителството во своето пледоаје не виде причина за негово предвремено отпуштање. Судиите во втора инстанца одлучија да ја намалат казната за два месеца. Ходорковски со тоа би требало да биде ослободен во август 2014 година.

Ходорковски првично доби вкупна казна од 14 години работен логор, кои подоцна беа намалени. Одбраната на Ходорковски ги обвини правосудните органи за неправедна пресуда и се надеваат на ослободување на нивниот мандант. Поранешниот шеф на во меѓувреме расформираниот нафтен концерн „Јукос“ ја издржува својата казна во близина на границата со Финска.

Нефер третман

Германската влада, ЕУ и САД постапката против некогашниот најбогат човек во Русија, кој беше уапсен во 2003 години, повторно ја оценија како политички мотивирана. Европскиот суд за човекови права неодамна оцени дека Русија во првиот процес во 2005 година не ги осудила Ходорковски и неговиот созатвореник Платон Лебедев поради политичко самоволие, но тие имале нефер третман. И поради тоа адвокатите на критичарот на Путин се надеваат на редуцирање на казната.

По интеврвенцијата од Стразбур бранителката Карина Москаленкот се изјасни: „Неправедноста при постапката има толкава тежина, што со оглед руското законодавство треба да биде укината обвинителната пресуда и мандантите неодложно да мораат да бидат ослободени“. Руските власти меѓутоа гледаат поинаку. Шефот на Советот за човекови права во Кремљ Михаил Федотов смета дека нема причини за укинување на пресудите против бизнисмените, освен што делови од постапката би можеле да бидат проверени.

Амнести Интернешнл ги признава Ходорковски и Лебедев за политички затвореници.