Само воено решение не е можно | Свет | DW | 27.12.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Само воено решение не е можно

Турското воено воздупловство во деновите на Божик изврши неколку напади брз претпоставени позиции на курдските бунтовници во Северен Ирак. Турската влада на тој начин се надева да го запре тероризмот на ПКК.

default

Секако се моќни, но решението не се вика „Ф-16„.

Беше очекувано: ПКК најави одмазда за турските напади врз нејзините позиции во Северен Ирак. Курдските бунтовници во планините Кандил изградија впечатлива инфраструктура: магацини со оружје и муниција, инсталации за комуницирање и обука. Токму тие се целите на бомбардирањата на турските „Фантоми -16„. Против турската армија, патем втората најсилна во НАТО, ПКК воено нема шанси. Значи, кога најавува одмазда, тоа значи дека не мисли на воен против-удар, туку само на атентати врз цивилни цели каде и да е во Турција. И тоа го направија, а настаните покажаа дека Турција подготвена ги пречека нападите. Силите за безбедност си ја вршат работата. Но, тоа покажа и дека полицијата и тајните служби не ќе можат да го спречат секој напад и затоа е потребно политичко решение на курдското прашање. Веќе пет години владејачката АК – партија на Курдите им призна културни слободи: тие смеат да го зборуваат својот јазик, постојат курдски радија и телевизии. Меѓутоа, тоа не е доволно. Југоисточна Анадолија и натаму е најсиромашна во Турција, а од силниот економски растеж на земјата, таму малку допира. Во курдските подарчја се уште има малку патишта, училишта, болници. Турската влада сега планира двоен удар против ПКК: од една страна повеќе ќе прави за инфраструктурата во тој регион, а од друга има намера да го прошири таканаречениот закон за каење: со подобрени понуди за амнестија и заштита на сведоците за оние што ќе ја напуштат ПКК. Можно е тоа долгорочно да и го одземе тлото за постоење на ПКК, меѓутоа во меѓувреме не станува збор само за неа.

Во големите градови на западна Турција одамна одрасна нова генерација – децата на Курдите кои во 80-десеттите и 90-десеттите години во бегство од граѓанската војна се преселија во сламовите на Истанбул, Анкара, Измир или Анталија. Еден посматрач ги нарече „генерација без надеж„. Убедени се дека Турција ја владеат фашистички банди. Тие се уште помилитантни од ПКК и во последните две години извршија повеќе бомбашки напади во Истанбул, но и во поморските летувалишта. Веројатно се одговорни и за последните напади во Истанбул, но пред се е важно дека тешко можат да бидат фатени. За разлика од ПКК, тие се организирани во помали келии, па наводно ниту турската тајна служба малку знае за нив. Турција има пред себе голема задача за решавање. Сигурно е само дека нема да може да биде решена само со армијата.

Михаел Јансен