1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Самоубиствен напад на погреб во Пакистан

На погребот на полицаец кој беше убиен во напад претходно, во градот Квета во западен Пакистан, бомбаш самоубиец денеска (08.08) уби 38 и рани 15 луѓе.

Нападот, снимен со телевизиски камери, бил извршен во текот на погребот на високиот функционер на локалната полиција Мухиб Улах кој беше убиен претходно денеска, заедно со неговите два сина и личниот возач.

Бомбашот самоубиец го активирал експлозивот пред џамија додека високи полициски функционери се подготвувале за молитва за нивниот колега. Меѓу убиените на погребот е и заменикот началник на полицијата во Квета, Фајаз Сумбал. Погребната церемонија беше пренесувана директно на првата програма на пакистанската телевизија.

Засега не се знае кој е одговорен и за двата денешни напада. За вчерашниот напад врз полициски конвој во кој беа убиени 14 луѓе, обвинети се сепаратистите во пакистанската покраина Балучистан. Во Балучистан, која е истовремено и најнаселената и најмалата покраина во Пакистан, дејствуваат и многу радикални исламистички групи, вклучувајќи ја и глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, секташки екстремни организации како и локални сепаратисти кои бараат независност. Во јануари и февруари годинава во Квета одекнаа две силни експлозии во кои загинаа повеќе до 200 луѓе, главно припадници на шиитската Хазарска заедница. Одговорноста тогаш ја презема сунитската екстремна организација Лашкар-е-Џангви. Во покраината Белучистан, богата со гас, нафта и минерали, летово повторно се разгорува насилството врз локалното шиитско население од страна на талибанците, а владее и локален бунт.

Сепаратистите во Балучистан од 2004 година бараат независност на оваа неразвиена покраина којашто има инаку силен потенцијал за развој. Цел на бунтовничките напади се главно припадниците на пакистанската полиција и безбедносните сили.