1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Самоубиствен напад во Басра

Во самоубиствен напад врз шиитски верници во Басра, повеќе десетици луѓе го загубија животот или се повредени. Меѓу жртвите има и полициски службеници. Нападот се случи на крајот на значаен шиитски празник.

default

Шиитски верници во Ирак

Најмалку 50 лица загинаа, а 100 се ранети во денешниот самоубиствен бомбашки напад врз шиитски верници во близина на Басра, соопштија полицијата и здравствените служби.

Напаѓачот, облечен како полицаец и со фалсификувани документи успеал да стигне до полицискиот контролен пункт и се кренал во воздух, меѓу големиот број верници и припадници на полициските сили, изјави претставник на силите за безбедност.

Напаѓачот го активирал појасот со експлозиви, кој го носел на себе додека им раздавал храна на верниците. Еден полицаец се посомневал во него и се обидел да го спречи, но не успеал.

Нападот е извршен на крајот на шиитскиот религиозен празник Арбаин, односно тагување поради 680 години од смртта на имамот Хусеин, внук на Мухамед и главна личност во шиитскиот ислам. На овој празник шиитите пеш се упатуваат до светиот град Кербала, јужно од Багдад, за да учествуваат во церемониите за оплакување на смртта на имамот Хусеин.

Изминатите две недели стотици шиити станаа жртви на терористички напади во Ирак. Се’ уште никој не ја презел одговорноста за тие напади, но такви напади вообичаено извршуваат сунитските борци од Ал Каеда и групации поврзани со оваа терористичка мрежа.

Автор: АТ/ миа/ дв/ ртре

Редактор: Ж. Ацеска