1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Самоубиствен напад во Алжир

Во самоубиствен напад врз една касарна во Алжир, загинаа најмалку 20 луѓе, а има и голем број повредени. Засега никој нема преземено одговорност за нападот.

default

Бројот на напади е драматично зголемен од јули годинава

Според властите, двајца атентатори се кренале во воздух еден по друг на влезот на еден воен комплекс во Шершел, на околу сто километри од главниот град Алжир. Притоа загинале 16 војници и двајца цивили. Нападот, кој е еден од најтешките во Ажир во последните години, се случи во петок вечерта (26.08), непосредно по завршувањето на постот.

Засега никој нема преземено одговорност за крвопролевањето, но нападите против алжирските безбедносни сили, по правило, им се припишуваат на исламистички групи. Исламистичките екстремисти се борат против алжирските безбедносни сили од 1992 година. Оттогаш, постојано се случуваат спорадични напади, чиј број, меѓутоа, од јули наваму е драматично зголемен.

Автор: ЕМФ/дв/дапд

Редактор: Т. Тосев