1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Самоубиствен напад во Авганистан

*

Најмалку четворица лица се повредени, од кои двајца војници на НАТО, во самоубиствен бомбашки напад пред воена база во Кабул, главниот град на Авганистан. Полицијата соопшти дека цел на нападот било возило на силите на ИСАФ, но засега не изнесе други детали. Во меѓувреме авганистанските власти ја идентификуваа и втората жртва на талибанските екстремисти кои држат воп заложништво уште 21 јужнокорејци . Станува збор за 29 годишниот Шим Сунг Мин која работел како волонтер во фирма која им помагала на сиромашните. Засега нема информации за нов ултиматум од страна на грабнувачите кои барат ослободување на нивните соборци. Сеуште нема информации за судбината на германскиот инженер кој е заложник на непозната група во Авганистан.