1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Самоубиствен напад во Авганистан

Во самоубиствен напад во авганистанскиот главен град Кабул денeска загинаа најмалку 12 луѓе,а повеќе десетици се ранети.

default

Атентаторот самоубисец се разнесол пред зградата на Министерството за внатрешни работи.Вработените во Министерството штотуку излегувале од автобус пред зградата кога напаѓачот го активирал експлозивот,соопшти полицијата.Според очевидци,полицајците се обиделе да го запрат напаѓачот пред тој да се втурне во луѓето и да се разнесе.Во Авганистан саботата инаку е работен ден.

Радикално исламистичките Талибанци телефонски ја презедоа одговорноста за нападот.

Авганистан во моментов го доживува најголемиот бран насилство од уривањето на талибаснкиот режим на власт во 2001 година.

Американскиот претседател Џорџ Буш во говор пред резервната војска синоќа најави порешителна борба на НАТО трупите во Авганистан против талибанските и борците на Ал Каеда.НАТО на состанокот кој заврши вчера во Порторож донесе одлука за засилување на трупите.Под команда на НАТО наскоро ќе преминат и американските војнции кои се во мисија во Авганистан.

Во рамките на НАТО силите во Авганистан се ангажирани и околу 2900 војници од германскиот Бундесвер.Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг вчера во Порторож потенцираше дека германскиот контингент останува на посигурниот север на Авганистан и нема да биде преместен на опасниот југ,кој важи за упориште на Талибанците.