1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Самоубиствени напади во Москва

Две експлозии утрово ја потресоа подземната железница во рускиот главен град. Според досегашните сознанија на истрагата нападите најверојатно биле извршени од атентатори самоубијци.

default

Голем број жртви во две метро-станици

Се’ уште не е утврдено колку луѓе го загубија животот во московското метро. Сторителите свесно го одбрале времето кога милиони жители на главниот град го користат метрото за да стигнат до работните места. Портпаролката на руското министерство за заштита од катастрофи Ирина Андрианова изјави: „Според нашите информации првата експлозија се случила во 7 часот и 56 минути. Експлозијата се случила во вториот вагон на метрото. Возот тукушто застанал на станицата Лублјанка.“

Russland Zahlreiche Tote bei U-Bahn-Explosionen in Moskau‎

Екслозијата се случила во моментот кога биле отворени вратите на метрото, така што се остварила перфидната пресметка на сторителите: загинаа луѓе во вагонот, но и на станицата, најмалку 23, а 18 се повредени. Метро-станицата Лублјанка се наоѓа во центарот на Москва. Таму е сместена и централата на руската тајна служба ФСБ. „Кратко потоа во 8 часот и 37 минути се случи втората експлозија на метро-станицата Парк Култури. Експлозивот повторно бил поставен во вториот вагон и бил активиран кога се отвориле вратите. Сметаме дека загинаа 12 лица, а 12 се повредени. Во двата случаи се работи за експлозив од непознат тип.“

Властите сметаат дека станува збор за распрснувачки експлозиви. Целта била да се повредат и убијат што е можно повеќе лица. Експлозивот во Лублјанка според последните информации имал детонирачка сила од 3 килограми ТНТ.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев во меѓувреме изјави дека Русија до крај ќе се бори против тероризмот.

Russland Zahlreiche Tote bei U-Bahn-Explosionen in Moskau‎

Градоначалникот на Москва

Граѓаните на Москва се шокирани. Многу работи ги потсетуваат на 2004 година, кога атентатор самоубиец детонираше екслозив и уби 40 луѓе. Сторителот тогаш, според властите, им припаѓал на бунтовничките групи од Северен Кавказ.

Градоначалникот на Москва Јури Лушков, повикувајќи се на информации од тајните служби соопшти дека нападите ги извршиле жени атентатори -самоубијци. Во случај да се потврди сомневњето, ова би бил терористички напад во Москва, по шест години. Градоначалникот Лушков смета дека делата најеворојанто биле изведен од т.н. „црни вдовици“. Така се нарекуваат жените на убиените бунтовници од Северен Кавказ. Исламистите од овој регион во последно време постојано се закануваа со напади на руска територија. Изминатите недели беа спроведени засилени анти-терористички акции во Ингушија, Дагестан и Чеченија, при што беа убиени и водачи на востаниците. Бунтовниците се заколнаа дека ќе се одмаздат.

Автор: Кристина Нагел/Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска