1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Самоубиствени напади во Ирак

*

Во една од најтешките серии атентати од вмарширањето на САД во Ирак,синоќа на северот на земјата беа убиени најмалку 175 луѓе.Во веројатно координираните самоубиствени напади со камиони со експлозив има околу 200 повредени.Нападите биле насочени против припадниците на сектата на Јесидите.

Белата куќа синоќа ги исуди нападите во ирачките места Катанија и Аднанија.Ги осудуваме варварските чинови против недолжни цивили,изјави претставничката на Белата куќа Дејна Перино.

Според неа,екстремистите продолжуваат да покажуваат докаде се подготвени да одат за да спречат Ирак да стане стабилна и безбедна земја.