1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сами против сите!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и во Вашингтон ја бранеше политиката на неговата влада за планираното градење нова населба во источниот дел на Ерусалим, и покрај критиките од американска, како и од страна на ЕУ.

default

Бенјамин Нетанјаху

Евреите го градеа Ерусалим пред 3 илјади години и тоа и натаму ќе го прават, рече ноќеска Бенјамин Нетанјаху во говорот пред неколку илјади членови на една американско-израелска лоби група во Вашингтон. „Ерусалим не е населба, тој е нашиот главен град“, нагласи израелскиот премиер и го истакна правото да се прават градежни планови за градот. Истовремено, меѓутоа, Нетанјаху се заложи и за мировен процес во блискоисточниот регион. Мирот не може да дојде од надвор, туку преку директни преговори, рече израелскиот премиер и го повика претседателот на Палестинците, Махмуд Абас, да дојде и да преговара за мир.

Израел гледа опасност од Иран

Бенјамин Нетанјаху предупреди и на нуклеарната закана од Иран. Радикален ирански режим, кој поседува атомско оружје, ќе значи крај на фазата на мир меѓу атомските земји, оцени тој и го нагласи правото на Израел на самоодбрана. Гостинот од Израел ги подвлече и блиските врски на неговата земја со САД.

Russland Nahost Israel Palästinenser Hillary Rodham Clinton in Moskau

Хилари Клинтон го осуди однесувањето на Израел

На истата манифестација говор одржа и американскиот државен секретар Хилари Клинтон, која претходно имаше средба со Бенјамин Нетанјаху. Клинтон ја повтори критиката за израелската политика на градење населби на палестинските територии.

„Новите градби во Источен Ерусалим и на Западниот брег ја поткопуваат меѓусебната доверба и ги загрозуваат прелиминарните разговори како прв чекор кон целосни преговори, за кои обете страни велат дека се пожелни и нужни. Тоа ја поткопува американската уникатна способност да игра есенцијална улога во мировниот процес“, рече Хилари Клинтон.

ЕУ не ја поддржува израелската политика на градење

Од средбата на министрите за надворешни работи на земјите на ЕУ со критика на израелската политика на градење населби се огласи и германскиот министер Гидо Вестервеле.

„Ние сме убедени, а тоа го предвидува и ’мапата на мирот‘, дека треба да бидат замрзнати активностите за градење населби. Ова е став на германската влада, како и став на Европа и на меѓународната заедница“.

Автор: ЗЈ/ ТТ/дпа/дв

Редактор: Жана Ацеска