1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Самит со Мугабе, а без Браун

Во Лисабон започна вториот самит на ЕУ и Африка.Спорот со присуството на меѓународно критикуваниот претседател на Зимбабве Роберт Мугабе се заканува да ја стави во сенка целта на самитот,партнерство на двата континента

default

Претседателот на Зимбабве стана најдискутирана тема

За претседателот на Зимбабве всушност постои забрана за влез во ЕУ,Брисел уште пред неколку години воведе санкции против Роберт Мугабе,кој според Европејците масивно ги крши човековите права и ја втурна земјата во еконсомки хаос.Тој планира на самитот во Лисабон да се пресмета вербално со поранешната колонијална сила Велика Британија.Британскиот премиер Гордон Браун во знак на протест го бојкотора самитот.

Но,претставниците на ЕУ се прагматично настроени.За прекршувањата на човековите права ќе се разговара,но тоа нема да биде тема на дводневниот самит,изјави претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо:

„Ако би имале правило да посетуваме само конференции на кои учествуваат лидери кои не ги прекршуваат човековите права,стравувам дека нема да можеме да присуствуваме на многу меѓународни средби.“

ЕУ и Африка сакаат да договорат ново стратешко партнерство за развој и подобра управа во земјите на црниот континент.Досегашниот однос на донаторот Европа кон Африка е веќе несоодветен,фрустрирачки и неефикасен,изјави еврокомесарот за развојна помош Луис Мишел:

„Самитот е важен,зашто треба да се обнови карактерот на нашите врски со Африка.“

Теми ќе бидат економскиот развој,прашања од областа на енергијата и климата,но и човековите права и борбата против корупцијата.

►◄