1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Самит со многу отворени прашања

Владите на ЕУ се ставија самите себе си под притисок. До 2008 година тие треба да решат како ќе постапуваат натаму по прашањето на уставот. Времето притиска, зашто претстои наредната рунда проширување.

default

Германската канцелaрка, Ангела Меркел, вели дека идното проширување ќе ја примора ЕУ на реформа: “И тогаш, ќе се покаже дека на ЕУ и се потребни реформи, затоа што ние со 27 земји членки едноставно немаме уставот што ни е потребен за навистина да останеме спсособни за дејствување. Овој притисок е неопходен и верувам дека тој ќе ни даде полет за да постигнеме нешто.“

Меѓувремето владите имаат намера да го искористат на двоен начин: “Од една страна мислам дека е многу важно да продолжиме со процесот на ратификација, што ќе добие дополнителен импулс со германското претседателство за да може да биде завршен во втората половина на 2008 година, но истовремено треба да почнеме со една Европа на проекти. “

Овие проекти , на пример во сферата на заштитата на животната средина, миграцијата или снабдувањето со енергија, на од Европа уморните граѓани треба да им покаже дека ЕУ е релевантна за нив.

Но, јавноста не треба да биде убедена само во неопходноста од добивањето устав. Многу Европејци се загрижени поради растечкиот број нови членки и најрадо би го запреле процесот на проширување. Претседателот на комисијата на ЕУ, Жозе Мануел Барозо им ветува и на населението во старите земји членки и на граѓаните од земјите кои допрва треба да станат членки: “Ние ги одржуваме нашите ветувања кон земјите кои се подготвени за приклучување. Истовремено, имаме обзир кон загриженоста околу обемот и брзината на проширување. И, недвосмислено е – ова не е , повторувам, не е нов критериум за приклучување.“

Како тоа да се оствари останува гатанка. Прашањето на уставот и прашањето на проширување се тесно поврзани меѓу себе. За двете работи, во моментов не се наѕира решение. Самитот на ЕУ донесе барем едно опипливо решение - Словенија од 1 јануари 2007 година ќе го воведе еврото како платежно средство.