1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Самит на НАТО во Рига

Денеска и утре шефовите на држави или на влади на земјите членки на НАТО ќе учествуваат на дводневниот Самит на Алијансата . На дневниот ред се наоѓаат актуелни теми како на пример безбедносните проблеми во Авганистан, потоа трупите за брза интервевенција и проширувањето на одбранбениот сојуз

Шефер на самитот во Рига

Шефер на самитот во Рига

Самитот во Рига , кој се одржува под насловот „Трансформација на НАТО “ требаше да биде состанок за иднината на Алијансата . Меѓутоа во меѓувреме проблемите на НАТО во Авганистан излегоа во преден план. А за тоа според ставот на генералниот секретар на Алијансата Јаап де Хоп Шефер е повикана и Германија : Тој повторно побара подготвеност од Берлин за ангажман во опасниот јужен дел на Авганистан . Меѓутоа канцеларката Ангела Меркел засега останува црвсто на позицијата дека нема да има проширување на ангажманот на Бундесверот . Германците и натаму ја гледаат својата задача пред се на северот од земјата- истакна Меркел минатата недела во Берлин :

„Бундесверот таму и во иднина ќе ја носи одговорноста во рамките на неговиот мандат. Јас не гледат ангажман што ќе излегува од овој мандат , и тоа сакам јасно да го кажам . И затоа за мене и за самитот во Рига важи следново: темата Авганистан е премногу важна за да си дозволиме да ја сведеме само на воена дебата север-југ. Темата Авганистан значи дека ние сакаме да бидеме успешни , како НАТО, како меѓународна заедница . И ние во Германија знаеме дека човек мора да се бори за тоа , и воено. Но човек мора да се бори и за срцата на луѓето во Авганистан . Двете работи според мене одат заедно и така ќе ја сфаќаме оваа мисија“

Со речиси 3000 војници Германија во моментов го има третиот по големина контингент во рамките на меѓународните заштитни трупи ИСАФ. Ако биде според желбите на Ангела Меркел , тогаш треба спојувањето на военото обезбедување и цивилната помош ,според германскиот пример , да биде стандардна за сите концепти на ангажманот. За таквиот модел постојат симпатии во другите земји членки на НАТО.

Шефер е оптимист

Меѓутоа со тоа не е решен безбедносниот проблем во Авганистан . Главниот командант на НАТО силите , американскиот генерал Џејмс Џоунс во неколку наврати обвини дека неговиот апел за зголемување на трупите на ИСАФ кои во моментов бројат 32 илјади со дополнителни 2500 војници , и натаму останува без одговор. Полска во меѓувреме најави испраќање на дополнителни 1000 војници , кои меѓутоа ќе пристигнат во Авганистан дури во јануари или во февруари .

Раководството на НАТО очигледно се надева на пробив кога станува збор за силите за брзи интервенции на Алијанстаа . генералниот секретар Шефер искажа оптимизам воочи Самитот дека во Рига ќе може да објави дека новите елитни трупи се подготвени за ангажман . Овие трупи треба да стојат на располагање за итни случаи од различен вид –како помош при природни катастрофи или пак воени ангажмани. За тоа се предвидени 25 илјади војници , иако досега свој придонес не ветија сите земји членки на алијансата.

Проширување на Алијансата

Помалку конкретни нешта треба да се очекуваат околу темата проширување на НАТО . Во Рига ќе се дискутира За приемот на нови земји како Македонија , Хрватска Албанија или Украина и Грузија . Одлуки меѓутоа најверојатно нема да паднат.

Без шанса важат и плановите на САД, НАТО биде проширен во глобално партнерство. Вашингтон сака на Јапонија , Австралија и Јужна Кореја да им понуди цврсто партнерство , со долгорочни перспективи за членство во Алијансата . Поголемиот дел од членките на НАТО меѓутоа гледаат критички на овие планови. Како компромис шефовите на држави или на влади би можеле да се заложат за засилена соработка , без притоа да им понудат официјално партнерство на овие три земји.