1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Самит на НАТО во Истанбул

Државите членки на НАТО ќе обезбедат повеќе војници за мирниот премин во Авганистан, а на ирачката влада ќе и помогнат во обуката на безбедносните сили. Ова е заклучок од самитот на алијансата во Истанбул.

Демонстрации во Истанбул

Демонстрации во Истанбул

Многумина шефови на држави или влади на самитот на НАТО беа изненадени од предвременото предавање на власта во Ирак, па сепак сите побрзаа во изјава од самитот на преодната влада на Ирак да и ветат целосна поддршка. Така Ирак стана централна тема. По тој повод германскиот канцелар Герхард Шредер:

“За поздравување е што тоа се случи порано. Колку порано Ирачаните ја преземат својата судбина во свои раце толку подобро. Можам само да го поздравам овој чин“.

НАТО заклучи да и помогне на ирачката преодна влада во обуката на нејзините безбедносни сили. Францускиот претседател Ширак остана на ставот НАТО во Багдад да не го покажува официјално своето знаме, а германскиот канцелар Шредер одби нови задачи за НАТО:

“Јасно ставивме на знаење дека во Ирак не сакаме да видиме ниту еден германски војник и остануваме на таа позиција“.

На заедничката прес-конференција со британскиот премиер Тони Блер, американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека алијансата го одржа зборот. 15 месеци по влегувањето, Ирак веќе не е најагресивната сила на Среден Исток. Американската армија ќе остане колку што е неопходно и барано. И покрај сите разлики со противниците на војната Германија и Франција, Буш се заблагодраи за поддршката на НАТО која претставува најмал заеднички именител:

“САД и нашите коалициони партнери ќе ја подготват ирачката армија да се грижи за безбедноста во сопствената земја. Благодариме за решението на НАТО позитивно да одговори на барањето на ирачкиот премиер Алави“.

Следниот заклучок на алијансата во Истанбул е во северен Авганистан да се испратат четити дополнителни тима за обнова, а покрај тоа и мобилен баталјон за обезбедување на изборите наесен. Вкупно 3 ипол илјади дополнителни војници кон сегашните 6 ипол илјади во рамките на ИСАФ-мисијата. Германија во Фајсабад ќе инсталира втора регионална команда. НАТО во Авганистан не смее да не успее. Канцеларот Шредер:

“Постои широка согласност дека Авганистан е пробниот камен и за способноста на НАТО да ги одржи ветувањата што ги дава. Мислам дека Германија не мора да се срами и дека тоа ќе биде признаено“.