Самит на ЕУ: европска перспектива за земјите од Западен Балкан | Теми на денот | DW | 15.12.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Самит на ЕУ: европска перспектива за земјите од Западен Балкан

Средбата на шефови на држави или на влади покажа и колку се големи очекувањата во ЕУ од Германија како претседавач во првата половина од 2007-ма година

Идниот и сегашниот претседавач со ЕУ: Меркел и Ванханен

Идниот и сегашниот претседавач со ЕУ: Меркел и Ванханен

Германскиот канцелар Ангела Меркел смета на голема подршка за германското претседателство од другите земји на Унијата. Таа претпладнево, пред продолжението на самитот, оцени дека има “многу добра клима, за да можат да бидат решени одредени прашања”. Тоа и другите го очекуваат од германското претседателство. “Тие ќе ги решат сите проблеми што ние не можевме да ги решиме” – рече досегашниот претседавач со Советот на Унијата, финскиот премиер Мати Ванханен. Најголема задача за германското претседателство, според Меркел, ќе биде започнување нов обид за донесување устав на Унијата.

Меркел потврди дека ЕУ ја остава отворена вратата за земјите од Западен Балкан, но тие ќе мораат да ги исполнат сите услови. “Не станува збор за построги мерки, туку за тоа, оние кои имаат европска перспектива, на пример земјите од Западен Балкан, да ги исполнат критериумите. Затоа разговаравме и за способноста за прием во ЕУ, токму и во однос на земјите од Западен Балкан. Секој има перспектива, но мора самиот да ја постигне” – рече германскиот канцелар. Притоа Меркел посебно ја спомна соработката со Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија.

На самитот се разговарало и за способноста на Унијата за прием како критериум. Унијата мора прво со внатрешни реформи да се доведе во состојба да прими нови членови. Тоа треба да биде остигнато со донесувањето устав на заедницата, смета Меркел. Нејзините зборови ги потврди и претседателот на Комисијата на ЕУ Жозе Мануел Барозо: “Да, потребно ни е проширување, тоа е важно за Европа. Во истовреме треба да бидеме сигурни и во однос на нашите капацитети за интеграција”.

По согласноста на министрите за надворешни работи постигната на нивната средба во понеделникот, преговорите со Турција веќе не играат голема улога на самитот. “Тие заклучоци се јасни. Ние го продолчжуваме процесот со Турција, но некои глави се суспендирани и нема да ги разгледуваме. Другите не можат да бидат заклучени пред нивно целосно исполнување од страна на Турција” – рече Барозо. Од кругови на учесниците се вели дека делумната суспензија на преговорите поради конфликтот околу одбивањето на Турција фактички да го признае Кипар било поздравено од сите.

Учесниците на самитот постигнаа согласност околу нов приод кон прашањето за илегалното доселување во ЕУ. Треба да бидат договорени заеднички рамки на политиката на доселувањето. Унијата со тоа реагира на се’ поголемата река бегалци од Африка кон Европа. На Самитот е договорено да им се помогне на африканските држави во борбата против гладот и сиромаштијата. Унијата.