1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Самит на Европската унија и Латинска Америка

Околу 60 претседатели на држави или влади на Европската унија и на државите од Латинска Америка денеска се среќаваат во Виена на на самит посветен на потесната трговска и економска соработка.

Боливискиот претседател Моралес на самитот во Виена

Боливискиот претседател Моралес на самитот во Виена

Средбата се одржува во сенката на најавата на боливискиот претседател Ево Моралес за подржавување на националната нафтена и на индустријата за гас, без да ги обесштети странските концерни. Германскиот канцелар Ангела Меркел на средбата ќе одржи говор во врска со енергетската политика:

Одземањето е легитимно средство поради мошне лошата ситуација во Латинска Америка, изјави боливискиот претседател Ево Моралес пред почетокот на самитот во Виена. Истовремено тој соопшти дека странските инвеститори не треба да сметаат на обесштетување:

„Се разбира, фирмите имаат право да си ги вратат сегашните инвестиции и да ги задржат постигнатите добивки. Она што не можат да го направат е да бараат право на сопственост, ниту да помислуваат на обесштетување. Конечно, нивните добивки не се спорни„.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамјер смета дека Јужна Америка во догледно време ќе се преструктуира:

„Мислам дека овие форми на регионална интеграција, како што ни успеа нам во Европа, е пример и за Јужна Америка. Иаао се уште не се најдени вистинските форми, ниту Андскиот пакт си конкурира со Меркосур, но тоа се форми на еден пат каков што предлага бразилскиот претседател: да се формира заедница на јужно-американските држави која сигурно не може да стане реалност во наредните пет години„.

Во секој случај, самитот во Виена ќе биде можност за размена на мислења по многу теми, како и за голем број билатерални средби.

Парарлено со официјалниот самит, инаку, се одржува против-манифестација на невладини организации кои сакаат да укажат на негативните последици од слободната трговија и на социјалните проблеми.