1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Самит на ЕАПС во Охрид

*

Во Охрид денеска започнува вториот безбедносен форум на Евроатлантскиот партнерски совет. Дводневната средба официјално ќе биде отворена вечерва со поздравно обраќање на генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер и министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошовски.

Шефот на македонската дипломатија очекува дека Форумот ќе ја претстави Македонија во добро светло , како земја која има да понуди повеќе од Партнерството .

На Форумот е најавено е присуство на делегации од 49 земји, од кои 20 на ниво на министри. Американската делегација ќе ја предводи амбасадорот во НАТО Викторија Нуланд.