1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Самит на Д 8 на Бали

На иднонезискиот остров Бали вчера се одржа самит на осумте најголеми муслимански земји групата Д 8.

default

На самиот во Бали учествуваше и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Официјално спорот со иранската атомска програма не беше тема на средбата, но во завршната изјава сепак се зема в предвид настојувањето на земјите членки на Д 8 за цивилно користење на атомската енергија. Индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудхојоно јавно апелираше до иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад да ги продолжи разговорите со Меѓународната агенција за атомска енергија.

Претседателот Јудхојоно на отварањето на самитот пак ги повика исламските земји на засилена соработка врз основа на демократијата и толеранцијата. Јудхојоно и прецизираше на какви резултати се надева од Бали „За декларацијата од Бали да ја исполниме со живот потребна ни е посилна политичка волја. Мора да имаме широка соработка за ефикасна борба против сиромаштијата.“

Во Д 8 групата покрај Индонезија спаѓаат и Египет, Бангладеш, Иран, Малезија, Нигерија, Пакистан и Турција.