1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Самит на Г8 во Шкотска

Светски познатите рок звезди синоќа во Единбург го одржаа последниот Лајф ејт концерт, во обид во последен момент да извршат притисок врз светските лидери собрани во Глениглс да сторат повеќе за сиромаштијата. 60.000 лица беа присутни на концертот на кој вистинска еуфорија предизвика видео обраќањето на Нелсон Мендела, за помош на гладните во светот. 31 от светски економски самит инаку започна со вечера во лу

Од демонстрациите во Глениглс

Од демонстрациите во Глениглс

ксузниот хотел Глениглс. Околу речиси херметички затворената локација, веќе се случија насилни судири меѓу противниците на глобализацијата и полицијата. Работните состаноци на осуммината шефови на држави и влади започнуваат денеска

Неочекуваните жестоки нереди кои ги предизвикаа противниците на

Глобализацијата ја наведе полицијата во Шкотска да размисли за забрана на единствените во Глениглс дозволени демонстрации„ Преголем е бројот на ахархисти за да може да се гарантира мирен тек на демонстрациите„ пишува во образложението на одлуката.

Најмалку 100 лица беа уапсени во насилните судири во Единбург и градот Стирлинг. Сепак демонстрациите беа одржани, во мирна атмосфера. Неколку илјади луѓе кои излегоа од железничката станица и се упатија долж 8 километри долга метална ограда на ликсузниот дел каде во тек е самитот.

Хуго Браун, член на организациониот одбор АТАК, антиглобалистичката мрежа, смета дека за надилствата е виновна и шкотската полиција:

„ За насилства секогаш се потребни две страни. Јас бев сведок, гледав како полицијата одеднаш заобиколи и притисна група млади кои играа, пееа и свиреа. Раководните лица во полицијата уште за време на обуката за својата работа морале да научат дека таквите мерки пртедизвикуваат насилство. Секојдневно 35.000 деца умираат од глад и болести за кои има лек. Јас сум татко на пет деца и не би се возбудувал заради неколку скршени прозорци„

На денешните работни состаноци, светската економија нема приоритет. Учесниците на самитот гледаат оптимистички на развојот, иако постои нерамнотежа низ регионите, со голема стапка на раст во САД и пред се во источна Азија, како и многу ниската стѕапка на раст во Европа.

Меѓутоа има теми кои потсетуваат на првиот самит на Г8 кој беше оджан во Рамбује, Франција во 1975. И тогаш стануваше збор за висока цена на нафтата и заканувачки турбуленции на пазарот на пари.

Простувањето на долговите на најсиромашните земји во светот за кое одлука донесоа министрите за финансии на Г8 се очекува да биде благословена и од шефовите на влади во Глениглс. Германскиот канцелар Герхард Шредер уште пред пристигнувањето на самитот изјави:

„ Сосема сум горд што продолжуваме да го работиме она што во 1999 во Келн го започнавме како ослободување на најсромашните од сиромаштијата. Мораме да внимаваме на тоа да не претераме со притисокот за реформи, во средиштето треба да бидат напорите за раководствата во Африка добро да раководат„

Германија го поддржува британскиот премиер Тони Блер во негоата намера самитот да биде посветен на Африка. Прашање е дали ќе наиде на одобрување предлогот на Блер, за двојно зголемување на помошта за развој на најсиромашните, од 25 на 50 милијарди долари.

Меѓу експертите се разви дискусија за тоа дали земјите на кои им е наменета помошта вистински можат да ги искористат тие пари, односно дали самите се во состојба да ги преточат во конструктивни проекти, или со тоа само се поттикнува менталитетот на примање помош, или се полнат џебовите на корумпираните елити.

Кога станува збор за заштита на климата, нема големи очекувања. САД и натаму се противат на ратификација на договорот од Кјото. Во редовите на германската делегација се зборува дека идејата е да се поттикнат американците на соработка на пониско ниво од протоколот.

Во Глениглс меѓу гостите се и Бразил, Кина, Индија, Мексико и Јужна Африка кои во дел имаат поголема стапка на економски раст од таканаречените стари економии. Со тие држави исто така ќе се разговара за заштита на климата бидејќи токму земјите во развој се одговорни за 45% емисии на штетни гасови.