1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Самит на Африканската Унија

Во главниот град на Етиопија, Адис Абеба денеска започнува самит на Африканската Унија. Ситуацијата во суданскиот регион Дарфур и Сомалија се главните теми на кои ќе се расправа на конференцијата на која ќе присуствува и генералниот секретар на ОН Бан Ки МУн

Дарфур

Дарфур

„Наука, технологија и истражување и развој„ е мотото на годинешниот самит на Африканската унија. На конференцијата треба да се договори финансирањето на мировните трупи во Сомалија како и проблемот со испраќањето на силите на АУ во Дарфур

Преставникот на ЕУ Луиз Мичел нагласи дека помошта на Унијата во износ од 15 милиони евра е поврзана со формирањето на влада на национално единство кое треба да ги поврзе сите кланови и политички струења во земјата. Позицијата на сомалијците по ова прашање ја соопшти амбасадорот на земјата во АУ, Абдикарин Фарах

„Подобро да си ги чуваат своите пари во џебовите. Тоа е пораката. Наш интерес, на сомалиската влада е нашиот народ да се збогати. Тоа не е задача на Европската Комисија или на Луис Мичел или на кој било друг да ни каже што треба да работиме. Страдавме многу во последните 16 години и тоа не сакаме да продолжи. Американците ни помагаа, многу им благодарам, Европа исто така и можат да продолжат со тоа. Но ние нема да прифатиме да ни ги даваатпарите и да ни велат работете го ова или она„

На самитот ќе учествува и италијанскиот премиер Романо Проди во интервју за Дојче Веле за ситуацијата во Сомалија изјави:

„ Ние сме многу загрижени заради ситуацијата во Сомалија. Мислам дека на рогот на Афика мора да живееме мирољубиво и во соработка. Се надевам дека многу скоро ситуацијата ќе се нормализира и соработката меѓу земјите повторно ќе се воспостави„

Понудата на Вашингтон за девет батаљони или 9000 војници кои во средината на фебруаруи би се распоредиле во Сомалија звучи преоптимистично. Во меѓувреме Малави, Уганда, Нигерија и Гана договориле финансирање на трупите во износ од 120 милиони длари, но сеуште е нејасно од каде ќе се обезбедат финансиските средства

„ Дали меѓународната заедница е подготвена да ги финансира овие трупи. Доколку не се тогаш се плашам дека трупите нема да дојдат. Меѓународната заедница треба да се погрижи за раселените за бегалците и проблемот со тероризмот„изјави кенискиот амбасадор Бетуел Киплагат

Инаку на самитот ќе присуствува и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун кој според најавите ќе се сретне со претседателот на Судан. Амар ал Бешир. Еден од главните советници на суданскиот претседател изјави дека Картум целосно очекува да го преземе претседателството. Преставниците на Чад веќе се заканија дека ќе го напуштат самитот доколку останатите му дозволат на Судан да го преземе претседатекството како дел од договорот од претходниот самит. Зад затворени врати веќе се водени разговори претседателството да го преземат земји како Гана, Руанда или Танзанија. Дипломатски извори од ОН предложиле Конго да го продолжи претседателството со 53 члената организација.