1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Самит на арапската лига

Денеска и утре во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, средба на Арапската лига на која арапските земји имаат намера на мировниот план за Блискиот исток од 2002 година да му дадат нов полет. Меѓутоа, пробив не се очекува, туку повеќе неуспех.

По долги години апстиненција, Вашингтон е со намера да го заживее мировниот процес на Блискиот исток. Малку нешто го потврдува тоа колку фактот дека американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс деновиве по седми пат од минатотот лето е на турнеја во регионот. Се сретна со Египќаните, Саудијците, Јорданците, Израелците и Палестинците, освен со претставниците на Хамас. Таа отворено зборува за неопходноста од палестинска држава и убедува дека Вашингтон засилено ќе се ангажира за решение. Но, кога зборува за корисноста од билатерални разговори меѓу Израелците и Палестинците, тогаш се чини дека се оддалечува од вистинската ситуација што владее деновиве на Блискиот исток. И тоа со знаење и премолчна поддршка од Вашингтон. Арапската лига е со намера на самитот во Ријад да отпочне мировна иницијатива што ја предложи саудискиот крал Абдала во 2002 на самитот во Бејрут, кога уште беше принц-наследник: на Израел ќе му се понудат мир и признавање ако се откаже од окупираните територии во 1967 година, и се согласи со основање палестинска држава. Иако со овој предлог беше прекршено едно табу, имено да се постигне мир со Израел, Израелците тогаш веднаш го одбија: предавање на сите окупирани подрачја во 1967 година, вклучувајки го и Источен Ерусалим, не доаѓа предвид исто како и враќањето на палестинските бегалци од 1948 година во својата татковина. Значи во Израел. Во израелскиот став кон овие точки оттогаш ништо не се промени. А, сепак, во последно време како од премиерот Ехуд Олмерт, така и од министерската за надворшени работи Ципи Ливни можеше да се слушне дека судиските предлози заслужуваат да бидат подетално разгледани.

Ваквите зборови не сигнализираат готовност за пресврт во Ерусалим, туку ја одразуваат растечката немоќ во која се наоѓа владата на Ехуд Олмерт: по војната во Либан оваа влада ја загуби поддршката во населението и мора да гледа како чекор по чекор се намалува нејзината привилегирана позиција во Вашингтон. Се чини дека во САД досегашната безрезревна подршка кон Израел се повеќе ја посматраат како товар и согледуваат дека решенија за огромните проблеми во регионот можат да се постигнат само со други сојузници, освен Израел.

На прво место со Саудиска арабија: ако во Вашингтон пред ирачката војна дојдоа до заклучок дека Саудијците се повеќе товар, денес без нив не оди ништо. На Вашингтон Ријад му е потребен за Ирак, како посредник кон Техеран и Дамаск, како медијатор во Либан, како посредник меѓу Палестинците и како мотор за мировна иницијатива на Блискиот исток.

Во Ријад уживаат во оваа нова позиција. Но, би била катастрофална заблуда ако Американците или Израелците веруваат дека Саудијците можат да направат повеќе од предлозите од 2002-та што сега сакаат повторно да ги понудат. Дилот изгледа вака: Саудијците го носат арапскиот свет на мировниот курс, а Американците да се погрижат за Израелците. Ако тоа не успее, тогаш нема дил, со сите негативни последици за блискоисточната политика на Вашингтон.

Како ќе биде, и дали има простор за попуштања од обете страни, ќе покажат наредните два и деновите потоа.

Поврзана содржина