Самит кај Меркел за ИТ-браншата | Економија | DW | 19.12.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Самит кај Меркел за ИТ-браншата

Канцеларот Ангела Меркел сака Германија повторно да ја доведе на светскиот врв во информационата технологија

Меркел со учесниците на ИТ-самитот

Меркел со учесниците на ИТ-самитот

"Мејд ин Џермани" мора и во оваа област повторно да биде знак за врвна технологија, рече Меркел на самитот во Потсдам. Во однос на значењето на информационата технологија за германското стопанство сега и неговата решавачка улога за иднината на Германија, Меркел нагласи: “6,2 процента удел во националниот бруто-производ – тоа е веќе во категорија на автомобилската и хемиската индустрија, класично силните страни на Сојузна Република Германија”.

Меркел најави 1,2 милијарди евра до 2009-та година за поттик на развојот на оваа бранша, средства кои, како што рече, треба да бидат вложени во стартегиски важните технологии на иднината, а не да бидат поделени според принципот “секому по капка”. Таа вети и создавање подобри рамковни услови за претпријатијата, како и повеќе јавни набавки кај индустријата на информациона технологија.

Менаџерите од таа бранша беа задоволни: “Многу сум оптимист дека различните учесници во индустријата и во политиката ќе влечат на сита страна на јажето и оти рамковните услови ќе бидат натамошшно подобрени” – рече шефот на Телеком Рене Оберман. “Мора да опстоиме врз ова. Не можеме само да набљудуваме како многу – или на крајот и сите работи одат некаде на други места во светот” – нагласи основачот на софтверската фирма САП Хасо Платнер.

Ангела Меркел, која и самата е воодушевена од техниката и редовно го користи интернетот, на крајот од самитот имаше и средба со подмладокот од таа област. Во Германија се’ уште премалку млади луѓе студираат информатика. А без подмладок, јасно и’ е и на Меркел, Германија нема да успее да направи скок до светскиот врв. Таа, во секој случај, беше задоволна од резултатот на самитот: “Верувам дека денеска отворивме врата за претпријатијата од областа на информационата технологија заедно со политиката подобро да се поврзат во мрежа и тие навистина повторно да станат една битна бранша за Германија”.