1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Самит за нуклеарна безбедност

Денеска во Вашингтон започнува Самитот за нуклеарна безбедност. Американскиот претседател Барак Обама предупреди од опасноста атомското оружје да падне во рацете на терористите.

default

Во случај терористите на Ал Каеда да дојдат до нуклеарно оружје, „не би имале сопирачки да го користат“, рече Обама вчера (11.04.2010) во Вашингтон. Најголемата закана за САД, како краткорочно, така и среднорочно и долгорочно, доаѓа од можноста терористичките организации да поседуваат атомско оружје, рече Обама. „ Доколку некогаш би се случила детонација во Њујорк, Лондон или Јоханесбург, последиците за економијата, политиката и безбедноста би биле катастрофални.“

Самитот е идеја на Обама

Претставниците во американската администрација во повеќе наврати наведуваа дека цел на самитот е и да охрабри држави да прифатат одговорност и да преземат практични чекори за да се намали веројатноста терористи да се здобијат со нуклеарен материјал и да бидат во состојба да произведат оружје. На дводневниот Самит за нуклеарна безбедност во Вашингтон учествуваат лидери од 47 држави. Самитот, инаку, е идеја на претседателот на САД Барак Обама кој постави цел - за четири години да се обезбедат сите потенцијално небезбедни нуклеарни материјали.

Германската канцеларка Ангела Меркел пред да замине за Вашингтон, истакнувајќи го значењето на конференцијата, му се приклучи на ставот на американскиот претседател.

Barack Obama Nuklear Sicherheitskonferenz

Барак ОБама по една од билатералните средби со учесниците на самитот

„На оваа конференција пред се’ ќе стане збор за тоа да се гарантира сигурноста на нуклеарниот материјал насекаде во светот, и тоа во услови на сосем нови закани. Во 21 век соочени сме со асиметрични закани - тоа значи, терористички групи како на пример Ал Каеда, под никави околности не смеат да дојдат во посед на ваков материјал и со тоа да претставуваат дополнителна закана.“

На дводневниот Самит за нуклеарна безбедност во Вашингтон, земјите учеснички ќе се обврзат дека ќе ги зголемат напорите за заштита на нуклеарниот материјал и дека ќе усвојат конкретен работен план. Германија ќе и’ стави на располагање на Меѓународната агенција за атомска енергија дополнителни десет милијарди долари, како поддршка за мерките за нуклеарна безбедност во светот.

Автор: АТ/БГ/СН/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска