1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Самит за енергија

Германија во потрага по нов енергетски концепт. Според канцеларката, Ангела Меркел, во рок од една година, треба да се најде концепт кој најмногу ќе и одговара на земјата и нејзините потреби.

default

Активистите на “Гринпис“ стоеја пред зградата на канцеларот и на жолти транспаренти ги носеа своите барања: “Нема нечисти зделки на грб на климата“, “Нема продолжување на рокот за затворање на атомските централи“. Притоа, откажувањето од атомската енергија воопшто и не беше на дневен ред на првиот самит за енергија на германската влада. Но, темата игра улога кога станува збор за тоа да се најде енергетски концепт за иднина, а и шефовите на енергетските концерни веќе подолго време ја имаат вратено темата на маса. Германската канцеларка, Ангела Меркел, рече:

“Се разбира говоревме за спорните точки, за откажување од атомска енергија во определен временски период и за прашањето како да се најде замена за нејзе. За овие прашања ќе дискутираме и натаму во наредните месеци и претпоставувам дека дискусиите ќе бидат контроверзни. Знаци за тоа имаше веќе денеска.“

Во коалициониот договор, унијата и СПД се определија за тоа дека нема да ја чепкаат заложбата за откажување од атомска енергија. На ваквиот договор и ќе се остане. Сите поинакви напори на унијата ќе бидат безуспешни, изјави шефот на фракцијата на СПД, Петер Штрук. Но, коалициониот договор истекува во 2009 година, а енергетскиот концепт за иднината треба да се определи за наредните 15 години. Притоа, треба да се намали зависноста од увозот на енергија и растечките цени на енергијата. Снабдувачите со енергија имаат намера до 2012 година да инвестираат 30 милијарди евра во изградба на нови централи и на енергетската мрежа. Производителите на обновливи енергии за истиот период планираат 33 до 40 милијарди евра инвестиции.

Германскиот министер за економија, Михаел Глос, ги поздрави ваквите ветувања. Тој објасни дека Германија треба да развие сопствени концепти на енергетска политика за да спречи преземање на националните надлежности од страна на Европската комисија. Затоа владата ќе ги зголеми средствата за истражувања. До 2029 година зо нови енергетски технологии треба да се потрошат две милијарди евра, или 30% повеќе отколку досега.