1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Самит ЕУ – Латинска Америка

Средбата на Европската унија со државниците од Централна и Јужна Америка беше најголемиот собир во главниот австриски град од виенскиот конгрес во 1815 година. На тоа со гордост укажаа австриските домаќини.

Средба за запознавање: од самиот ЕУ-ЛА во Виена

Средба за запознавање: од самиот ЕУ-ЛА во Виена

Меѓутоа, споредбата не е можна зашто тогаш на државниците им беа потребни девет месеци, а сега 62-цата претседатели на држави или влади имаа само ден ипол на располагање. Германскиот канцелар Ангела Меркел исчезна по само неколку часа. Освен тоа недостигаа решавачки решенија. Средбата служеше повеќе за запознавање и произведе малку конкретни резултати.

Така, не се супеа во тоа да се постигне напредок за трговски договор со земјите од групата Меркосур: Бразил, Аргентина, Уругвај и Парагвај. Со земјите од андскиот пакт пак: Венецуела, Колумбија, Еквадор, Перу и Боливија беше засилена намерата некогаш во иднина да се разговара. Европската унија ќе започне преговори за асоцијативни договори само со шест држави. Австрискиот домаќин, канцеларот Волфгнаг Шисел можеше само да констатира единство:

„Имам чест да соопштам дека Виенската декларација е прифатена со консензус на шефовите на држави или влади„.

Германскиот министер за надворешни работи Фрнак Валтер Штајнмајер своите разговори со колегите од Јужна Америка вака ги билансира:

„Ако точно ги разбрав гласовите, тогаш тие ни укажаа дека сакаат поблиска соработка со Европската унија. Ние сакаме потесна соработка во областа на науката, културата и секако во стопанството„.

Штајнмајер изјави дека Латинска Америка не е составена само од социјалистичките популисти како Хугу Чавез од Венецуела и Ево Моралес од Боливија. Континетот со преку 500 милиони жители е далеку поразличен. Трендот на леви влади како во Бразил и Чиле, што би можел да продолжи на изборите во Перу и Мексико, не му пречи на Штајнмајер. Претседателот на Венецуела Хуго Чавез за Дојче веле ја соопшти својата визија за обединета Јужна Америка:

„Една ера во Јужна Америка завршува: империјалистичкиот настап на САД својот модел да го спроведат во целиот свет е модел кој ги зема предвид само сопствените интереси. Тој модел е стар. Латинска Америка доживува препород. Нашите народи барат нов модел за интеграција„.

Европската унија и повеќето учесници на самитот од овој континент го одбиваат таквиот поглед, како и последните манифестации во Боливија чиј претседател Ево Моралес ги брани. Мексиканскиот претседател Виченте Фокс популистите ги нарече најголема пречка за слободната трговија и во борбата против сиромаштијата.